На ден 25.2.2026 година со учениците од IX одд. и на 26.2.2026 година со учениците од VIII одд., во нашето училиште се одржаа едукативни предавања во рамки на проектот „За името на град Радовиш“, реализиран од Граѓански Креативен Центар „КРЕА“. Предавањето го реализираше м-р Оливер Бојаџиев, магистер-археолог. Во текот на едночасовната презентација учениците беа запознаени со историското и културното наследство на Радовиш, со посебен осврт на значењето и потеклото на името на градот. Активноста се одвиваше во позитивна и интерактивна атмосфера, при што учениците покажаа голема заинтересираност за темата. Со реализацијата на ова предавање се придонесе кон збогатување на знаењата на учениците и подигнување на свеста за зачувување и почитување на локалното културно наследство.

