На 27.2.2026 година беше реализирана врсничка едукација на тема „Болести на зависност“, со учениците од VIII-3 одд. од нашето училиште. Активноста ја водеа обучените едукаторки Александра Донева и Александра Лазарова од Црвен крст – општинска организација Радовиш, кои преку интерактивен пристап и искрен дијалог со учениците отворија важни прашања поврзани со зависностите.
Преку конкретни примери и ситуации блиски до младите, учениците се запознаа со ризиците, последиците и долгорочното влијание на различните форми на зависност, како и со важноста од носење здрави и одговорни животни одлуки.
Ваквите активности претставуваат значаен чекор кон јакнење на свесноста, градење самодоверба и поттикнување позитивни вредности кај младите.

