Во нашето училиште беа реализирани низа воннаставни активности во рамки на меѓународниот проект „Училница со ретка добрина“, организиран од страна на ЗОН „Учител“.
Активностите беа реализирани од наставниците и учениците преку различни креативни и едукативни содржини:
Маријана Стојанова со учениците од второ одделение – „Светот е топка шарена, неа ја движи љубовта“
Ивана Чајева со учениците од трето одделение – „Нашата училница – крилја на добрината“
Ленче Накева со учениците од петто одделение – „Поддршка кон ретките – секогаш!“
Снежана Тренчева со учениците од петто одделение – „Ретки, но храбри срца!“
Преку едукативни разговори, ликовни и литературни творби, учениците испратија силни пораки за поддршка, емпатија и прифаќање на различностите. Заедничките активности создадоа атмосфера исполнета со хуманост, солидарност и разбирање, потврдувајќи дека нашето училиште воспитува генерации кои знаат да подадат рака и да покажат дека сите сме различни, но еднакво вредни.

