Денес во организација на ОСУС Радовиш се одиграа општинските натпревари во кошарка за ученици од VIII и IX одделение. Најуспешна беше екипата на ООУ „Никола Карев“ Радовиш т.ш. во полуфиналниот натпревар беше совладана екипата на ООУ„Орце Николов“ Ињево, а во финалниот натпревар екипата на ООУ„Крсте Петков Мисирков“ Радовиш.
Со оваа победа ООУ „Никола Карев“ Радовиш обезбеди настап на зонските натпревари.
Честитки до кошаркарите и нивниот ментор Ристо Спасов.
Ви посакуваме успех во престојните натпреварувања!!!
