Зад секој успешен настан стојат многу труд, посветеност и љубов. 
Денови исполнети со подготовки, проби, идеи, договори и заедничка работа. Чекор по чекор, сè до моментот кога училиштето блесна во својот полн сјај.
Секој детал беше внимателно подготвен, секоја задача одговорно реализирана, а заедничкиот труд претворен во прекрасна приказна.
Ова е дел од атмосферата, енергијата и посветеноста што му претходеа на официјалниот настан по повод Детската недела, недела посветена на најважното нешто што го имаме – нашите деца.
Мотото за оваа година е „Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка!“
Зад сцената – многу работа.
Пред нас – еден незаборавен ден. 

