ООУ „Никола Карев“-Радовиш на 4.03.2023 г. беше домаќин на Регионален натпревар по математика во организација на Сојузот на математичари на Македонија.

Како домаќини на натпреварот се погриживме за одлична организација во корелација со акредитираниот сојуз за натпревари и во беспрекорни услови се одржа фер и коректен натпревар на кој зедоа учество вкупно 103 ученици од регионот.

