Учениците од Основното музичко образование при ООУ “Никола Карев” Радовиш учествуваа на Меѓународен натпревар на млади музичари „Сергеј Михајлов“ Штип. На 11.04.2024 се одржа натпреварот по солфеж и теорија на музика, на 15.04.2024 по пијано, на 16.04.2024 по хармоника, а учениците постигнаа одлични резултати.

