Во текот на месец март и почетокот на април учениците од нашето училиште во рамки на наставните и воннаставните активности зедоа активно учество во велосипедски активности. Учениците реализираа низа едукативни содржини посветени на велосипедот како превозно средство и дел од секојдневието. Активностите беа осмислени со цел да се поттикне креативноста, практичната работа и стекнувањето на нови знаења преку интерактивен пристап. Во текот на реализацијата беа спроведени следните активности:
1. Збор – слика, каде учениците поврзуваа поими со соодветни илустрации, при што ги утврдуваа основните термини поврзани со велосипедот.
2.Нацртај велосипед – преку ликовно изразување, учениците цртаа велосипеди, покажувајќи креативност и способност за визуелно претставување.
3. Направи велосипед – учениците практично составуваа модел на велосипед, со што ги развиваа моторичките вештини, логичкото размислување и тимската соработка.
4. Препознај ги деловите на велосипедот – учениците ги идентификуваа и именуваа составните делови на велосипедот, стекнувајќи основни технички знаења.
Преку овие активности учениците покажаа голем интерес, ангажираност и соработка, што придонесе за успешно реализирање на поставените воспитно-образовни цели. Активностите се организирани под менторство на наставничката по техничко образование Сузана Георгиева во соработка со одделенските наставници Снежана,Тренчева, Мариче Лазовска, Ленче Накева, Емре Мехмет и Сезгин Али.
