На 11.05.2024 година, сабота, се одржа Државен натпревар по Математика организиран од Сојузот на математичари на Македонија. Натпреварот беше реализиран во просториите на Природно-математичкиот Факултет (ПМФ) во Скопје. Нашите ученици постигнаа одличен резултат: Бојана Бибовска VI одделение освои III награда, Марија Јованова VI одделение освои пофалница, Невена Јованова VIII одделение освои пофалница. Со овие солидни резултати, учениците и нивните ментори го претставија нашето училиште и нашата општина во најдобро светло.

