Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со ФУСМ ( Федерација на училишен спорт во Македонија), реализира проект за училишен фудбал низ повеќе основни училишта низ Македонија меѓу кои и нашето улилиште ООУ Никола Карев Радовиш.
Целта на овој училишен проект е директна вклученост и ангажман на најмладите, нивен личен развој, како и почитување на основните вредности во животот. Една од важните работи потенцирани од проектот за училишен фудбал е и развој на женскиот младински фудбал, а и секако и да се привлечат вклучените дечиња да продолжат да тренираат фудбал на редовна основа во фудбалските клубови.
Нашето училиште беше опфатено со ученици од второ до петто одделние, поделени по 4 фудбалски тима кои во текот на цела учебна година имаа своевидни спортски активности, совладувајќи ги основните фудбалски елементи и вештини под менторство на наставниците по физичко и здравствено образование.
За таа цел на на 27.05.2024 понеделник на градскиот стадион во Радовиш се одржа завршен дел од проектот на ниво на училишта во општина Радовиш кои беа опфатени со овој проект. Во меѓусебни натпревари помеѓу училиштата поделени во две возрасни категории 2 и 3 одд и 4 и 5 одделение, како победници на завршниот дел од проектот фудбал во училиште беа учениците од ООУ Никола Карев Радовиш кои ќе настапуваат во Скопје на завршен турнир на ниво од цела Македонија.

