По посетата на НЛБ банка во нашето училиште по повод месецот на штедење и мотото „Штедиме и правиме добри дела“ нашите активности продолжија на ден 24.10.2024 год.( четврток) со гостување актив ученици од IV одд. од нашето училиште ООУ „Никола Карев“ од Радовиш во Дневниот центар Порака заедно со нивните наставници и директорот на училиштето.
Учениците се вклучија во три активности, кои го потврдуваа мотото
„Различни, а сепак исти“ 1. Креативно ликовна работилница, изработка на касички за штедење и желба на децата за донација на средствата за изградба на ДЕТСКИ ПАРК 2. Група ученици во спортски активности.
3. Усвојување на практични вештини во кујна и правење на колачи.
Нашите ученици со корисниците на дневниот центар го одбележаа овој ден споделувајќи меѓусебно знаења, вештини, другарување, насмевки и поддршка. Си порачавме: Можеби треба да се штеди но, не за споделена среќа!

