НОВОГОДИШНИОТ КАРАВАН ЗАПОЧНА …Многубројни насмевки и радости денес беа добиени од лицата на најмалите, најмилите и најискрените во детската градинка Детско Изворче кои со едночасовна програма изготвена од страна на наставниците и учениците од паралелките за Основно Музичко Образование имаа можност да уживаат, да се радуваат, да пеат сите во еден глас заедно со нашите ученици! Уште еден доказ дека јазикот на музиката има единствена цел сите да бидеме сплотени во едно. Продолжуваме понатаму со нашиот караван …

Со музичките изведби на нашите ученици успеавме да ги развеселиме срцата и душите на најмилите ученици од детската градинка Ацо Караманов – Управна зграда. Насмеани лица и безброј искажани задоволства кои ни даваат мотивација да продолжиме неуморно да работиме и заеднички да ствараме нови приказни. Новогодишниот караван продолжува….


