Предновогодишната еуфорија во нашиот град започна … “КАРЕВЦИ” први го отворија новогодишниот базар, активите на првачињата и на шестооделенците. Ведри и насмеани детски лица со мелозвучен глас љубезно ги нудеа своите рачни изработки и вкусни новогодишни деликатеси на своите сограѓани. Помогнати од своите наставнички/наставници а подржани од своите семејства пред се родителите успешно ја реализираа својата активност како дел од вкупното претставување на нашето училиште во новогодишната програма организирана од Општина Радовиш.

