Нашето училиште беше домаќин на регионалниот натпревар по германски јазик, на кој учество зедоа 43 ученици од регионот.
Резултатите од истиот не прават горди и среќни за постигнатиот успех на “КАРЕВЦИ“, со надеж и желба дека на исто или повисоко ниво нашите ученици и нивните ментори ќе се прикажат на државниот натпревар во Охрид.
Благодарност до Здружението на наставници по германски јазик – MKDV, за укажаната доверба да бидеме домаќини на овој натпревар и за јавно искажаните пофалби за нашата организираност по истиот од страна на присутните ментори и претседателката на здружението.

