Зад нас се два дена исполнети со учење, дружење и авантури! Учениците од VI одделение заедно со нивните одделенски раководители имаа можност одблиску да запознаат дел од природните и културни богатства на нашата земја. Преку посета на музеи, споменици, природни знаменитости и едукативни центри, стекнаа нови знаења и искуства надвор од училишната клупа.
Покрај едукативниот дел, имавме и многу забава, тимска работа и моменти кои ќе ги паметиме долго. Благодарност до учениците за однесувањето, на родителите за довербата и на сите кои помогнаа ова патување да биде успешно и безбедно.

