Мисија
Мисијата на нашето училиште е да го поттикнеме и обезбедиме индивидуалниот развој на учениците и наставниците, да ја развиваме свеста за правдата, да го негуваме меѓусебното разбирање и почитување, да работиме на високи етички стандарди, користејќи современа образовна технологија и поттикнувајќи доверба и почитување, на начин што заслужува доверба од нашите ученици и нивните родители, нашите вработени, без разлика на нивната национална, верска, полова и етничка припадност.
Нашето училиште да претставува образовна, дисциплинирана и безбедна средина во која сите можат да научат.
Визија
Тежнееме да бидеме училиште кое ќе ги задоволи потребите на учениците без разлика на нивната верска, полова, национална и етничка припадност.
Сакаме нашето училиште да биде безбедна и дисциплинирана средина во која учениците ќе доаѓаат со задоволство, затоа што во него наставата е современа, ефикасна, квалитетна и прилагодена на потребите и интересите на учениците, наставниците и државата.
