На 22.03.2023г., 28.03.2023г. и 12.04.2023г. во нашето училиште ООУ „Никола Карев“- Радовиш се одржа дисеминација на обука која е во рамките на проектот “Искуствено учење за животна средина и климатски промени за наставниците по природните науки”. Дисеминацијата во времетраење од 3 дена беше спроведена од страна на обучен наставник за искуствено учење од областа на животната средина и климатските промени, Тања Николовска наставник по Биологија, Хемија и Природни науки во нашето училиште.
Целна група на проектот беа :
наставници по биологија, хемија, физика, природни науки и географија од V до IX одделение од основните училишта :
ООУ „Коста Рацин “- с. Подареш
ООУ „Крсте П. Мисирков“- Радовиш и
ООУ „Никола Карев“- Радовиш
Целта на проектот е да ги зајакне вештините на наставниците од основните училишта за поуспешна интеграција на содржини за животната средина и климатските промени во наставата по предметите Природни науки, Биологија, Хемија, Физика и Географија.








За таа цел, се реализираа многу активности и експерименти во кои сите наставници активно учествуваа, а се вклучија и со сопствени дискусии на дадената тема.
Обуките се реализираа во релаксирана и соработлива атмосфера, со многу ведрина и напорна работа.
