Нашите ученици од петто до деветто одделение, на 18.3.2023 г., сабота, учествуваа на општински натпревар по англиски јазик. Натпреварот се одржа во СОУ „Владо Кантарџиев“, Гевгелија и беше организиран од ЕЛТАМ – Асоцијација на наставници по англиски јазик на Македонија. На овој натпревар, учествуваа 9 ученика од нашето училиште и постигнаа одлични резултати.
