На 27.4.2023 г. нашето училиште „Никола Карев“ – Радовиш, го прослави Патрониот празник. Во преполната сала на ЦК „Ацо Караманов“ – Радовиш, публиката уживаше во настапите на учениците од училишниот хор, кои ја изведоа најпрвин химната на државата, а потоа и химната на училиштето, а по обраќањето на Директорот и рефератот за патронот Никола Карев, програмата продолжи со настапи на ученици од активот на второ и петто одделение; ученици на хармоника од Паралелки за основно музичко образование при ООУ„Никола Карев“ – Радовиш со песната „Македонско девојче“; ученици од ПУ Прналија со рецитација на текстот „Лисицата и детето“, а по нив дел од учениците од IX одделение ја изведоа драмата „Девојките на Марко“. Секој настап и вложен труд публиката го награди со долг и громогласен аплауз.


