На 28.4.2023г. прославата за Патрониот празник продолжи со спортски игри, Саем на храна организиран од вредните раце на сите ученици и родители; пригодна програма со настапи на ученици од активот на трето и четврто одделение од централното училиште, ученици од ПУ с.Тополница и ПУ с.Бучим и настап на гостите-ученици од партнерското училиште ПУ „Намик Кемал“ од с. Чалакли, Валандово. Беа наградени победниците во спортските игри и најдобрите пристигнати творби од ученици на распишаниот литературен и ликовен конкурс одржан во просториите на училиштето.

