

Рок за доставување на документи со пополнета пријава за интерен конкурс, со документи во прилoг е 05.06.2023 – 12.03.2023 година. Врз основа на приложената документација на ученикот и увидот во педагошката документација и евиденција, училишната Комисија за пофалби и награди почитувајќи ги критериумите ќе изврши евалуација на пристигнатите пријави, по што ќе се направи рангирање на кандидатите според освоените бодови/поени и ќе се направи конечна листа која ќе биде доставена до Наставничкиот совет. Критериумите и Бодовните листи за оценување и валоризација на апликациите, односно вреднувањето на прилозите поединечно, учениците можат да ги побараат од одделенските раководители.
Документите се доставуваат до комисијата на училиштето во хартиена форма или во електронска форма на ou-nikolakarev-radovish@schools.mk.
ЛИНК до Барање за разгледување на документи за првенец и спортист
Првенецот на генерацијата ќе добие скромна награда од училиштето и Диплома со наслов: ПРВЕНЕЦ на Генарацијата во ООУ „Никола Карев“ за полуматуранти 2023 година.
Спортистот на генерацијата ќе добие скромна награда од училиштето и Диплома со наслов: СПОРТИСТ на Генарацијата во ООУ „Никола Карев“ за полуматуранти 2023 година.
