Општинската организација на Црвен крст Радовиш во рамки на кампањата ,,Првата помош спасува живот’’, на 15.02.2024г. спроведе обука по прва помош за учениците од осмо одделение. На оваа обука учениците се стекнаа со основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди.

