Здружението на информатичарите на Македонија на 9.3.2024г. организираше регионален натпревар по информатика за ученици од основното и средното образование кои се стекнале со познавања од програмирање во програмскиот јазик C++. Регионалниот натпревар се одржа во просториите на СОУ „Јане Сандански“-Струмица.
На натпреварот учествуваа нашите ученички Марија Јованова од шесто одделение и Невена Јованова од осмо одделение.

