На 16.3.2024 година, сабота, се одржа Општински натпревар по Англиски јазик организиран од ЕЛТАМ, Асоцијација на наставници по англиски јазик на Македонија. Натпреварот беше реализиран во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип. Нашите ученици постигнаа одлични резултати,. Според правилата за општински натпревар девет ученици продолжуваат на регионален натпревар по англиски јазик.

