На 8 и 9 април во хотел СИРИУС, Струмица се одржа обука на училишта за ревидираната рамка за оценување на квалитетот на училиштата, како дел од Проект за унапредување на основното образование. Проектот е изработен од МОН и ДПИ, а финансиски е поддржан од Светска банка. Креаторите на проектот работеа на ревизија на рамката на индикатори на квалитет на работа на училиштата, како и унапредување на процесите на спроведување самоевалуација и развојно планирање на училиштата. Обуката беше Организирана од МЦГО во соработка со МОН, БРО и ДПИ.

