Нашето училиште го прослави патрониот празник со пригодна културно-уметничка програма и низа спорстки натпревари како и други активности, подготвени од нашите вредни наставници и изведени од нашите прекрасни ученици.
Заедно со нашите ценети гости – родители, преставници од другите општински училишта, социо-општествени чинители и стопански субјекти од локалната средина, секако почестени и со присуството на градоначалникот, се потсетивме на животниот стремеж на нашиот патрон и придонесот што ние денес како негови “потомци“ треба да го дадеме како продолжувачи на ликот и делото на големиот Никола Карев.





