Учениците од нашето училиште и корисниците на дневниот центар ПОРАКА одржаа заеднички час по Физичко и здравствено образование раководен од наставникот Дарко Коцев, а на иницијатива на директорот на училиштето Кире Јанковски и координаторката на дневниот центар Тања Костадинова а со подршка на секретарот на ОО Црвен Крст Радовиш Верица Беќарова и секогаш присутните млади волонтерки.

