На 7.11.2024 г., во склоп на планираните проектни активности со учениците, наставничката Цветанка Кршкова во соработка со специјалист дерматовенеролог Др. Магдалена Лукарова и Биодерма Македонија, организираа едукативно предавање на тема „Акни, превенција и третман. Предавањето беше одржано од Др. Магдалена Лукарова.
Целта на оваа проектна активност беше да се едуцираат учениците за важноста на здравјето на кожата, специфично за проблемот со акни, како и да се подигне свесноста за спречување на булинг врз основа на изглед, особено поради кожни проблеми. Активноста имаше за цел да обезбеди информации и алатки за млади луѓе за да се справат со овие проблеми и да создадат позитивна, поддржувачка средина во училиштето.

