РАДОВИШ – ИСТОРИЈА И КУЛТУРА – ДОМ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ
Во пресрет на празникот 6. НОЕМВРИ, ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА РАДОВИШ денеска во ОНБ ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш беа доделени наградите од литературниот и ликовниот конкурс. Меѓу наградените за најдобра литературна творба беше и ученичката Стефани Ристова од осмо одделение чиј ментор е Славица Манчева. На ликовен конкурс награда за најдобар цртеж зеде ученичката Синем Селимова чиј ментор е Билјана Атанасова Стојменова.

