Ставени се во употреба сандачињата во кои учениците ќе можат во писмена форма да ги искажат ситуациите на булинг, насилство, жалби, поплаки (вербални, физички, психички) подетален опис има на секоја од сликите. Сандачиња има поставено на двата спрата во училиштето и истите ќе бидат отварани по протокол од одредени лица. Сивото сандаче е за поплаки и пријавивање на други негативни појави а жолтото за пофалби и други позитивни појави.

