Нашето место сега е поубаво и почисто, а заедно можеме сè!
Рециклирањето и сортирањето на отпад ни помагаат да ја зачуваме природата. Кога ја делиме хартијата, пластиката, стаклото и металот посебно, отпадот не ја загадува земјата и повторно се користи.
Научивме дека со сортирање на отпадот ја чуваме природата и ја правиме околината почиста. Разбравме дека секој мал чекор помага за голема промена.
