Учениците и наставниците од ООУ „Никола Карев“ го одбележаа 21 септември – Светскиот ден на мирот.
Со рецитации, песни, цртежи и пораки, учениците ја испратија својата силна порака за важноста на мирот во секојдневието и иднината: „Мирот е основа за среќна иднина“.
Настанот беше исполнет со другарство, солидарност и почитување, а училиштето уште еднаш покажа дека мирот започнува од нас самите.

