Учениците со многу креативност и радост изработуваа шарени лисја, создадоа заедничко „Есенско дрво“ и зборуваа за убавините што ги носи ова годишно време. 

Со насмевки и топла атмосфера ја поздравивме есента која ја бои природата во најубави тонови. 


