Со многу насмевки, креативност и радост, учениците го одбележаа доаѓањето на пролетта! 

Преку различни активности – изработка на украси, цртежи, пишување пораки и уредување на училниците – тие ја покажаа својата љубов кон природата и убавините што ги носи оваа годишна доба. 
Нашето училиште денес блеска во пролетни бои, исполнето со детска енергија и позитивна атмосфера. 
Среќен прв ден на пролетта! 

