
Учениците беа поделени во тимови и учествуваа во различни игри како трка со балон, „пренеси цвет“, скокање со јаже, влечење јаже и пролетна штафета со повеќе задачи. Посебно интересна беше и играта „Погоди го поимот“, каде учениците преку глума ги погодуваа поимите поврзани со пролетта. 

Преку овие активности учениците покажаа голем ентузијазам, тимска работа и натпреварувачки дух, а училиштето беше исполнето со радост, насмевки и позитивна енергија.
Среќен прв ден на пролетта! 
