На ден 03.03.2023 година учениците од деветто одделение од нашето училиште во рамки на предметот Граѓанско образование беа во посета на Собранието на Република Македонија и имаа можност да се запознаат со историјата на самата зграда и да видат одблизу дел од просториите на истата. Со присуство бевме по удостоени и од пратеникот од нашиот град проф. д-р Здравко Трајанов и при тоа учениците имаа можност да му постават прашања.
