Во нашето училиште се реализираше симулација на вежба за спасување од пожари и други непогоди.
Вие сте тие кои ја заслужувате нашата почит, бидејќи секогаш и секаде сте први да помогнете.
Со голема благодарност, за вашиот придонес, кон безбедноста на сите нас, ви го честитаме
20 Мај – Денот на пожарникарите, со желби за унапредување на вашата работа и спречување на големи катастрофи. Спротиставувањето на огнената стихија и борбата со пламените јазици, како и побудата да се спаси човечки живот, е благородност и бесценетост.
Голема благодарност и до останатите општествени субјекти – ОО Црвен Крст Радовиш, полиција – ОВР Радовиш, итна медицинска помош – ЈЗУ Радовиш, Градоначалник и ЕЛС при Општина Радовиш кои институционално или волонтерски беа дел од денешната вежба.

