На учениците од подрачното училиште “Никола Карев” -с.Бучим им беа поделени флаери и организиравме активности во училишниот двор: симулација со пешачки премин. Учениците ја набљудуваа околината и идентификуваа најопасни точки во околината на училиштето. Нацртаа пешачки премин на излезот од училиштето и внимателно поминуваа преку истиот. Им благодариме на соработката на жителите од селото за нивната поддршка.

