На 7.6.2023 год. се релизираше активност како дел од Проектот „ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА ВО ОПШТИНИТЕ“

Секција природни науки: Млади хемичари, физичари и биолози во учебната 2022/23 година.

Активност: Примена на escape room пристапот при обработка на содржини од природните науки.
Escape room училница е всушност кога учениците се „заклучени“ во просторија и се обидуват да ги решат загатките за да „побегнат“ или „излезат од собата“.

Активноста започна така што наставничките смислија приказна за проблем „наоѓање шифра за лек за некој вирус“ со што го разбудија интересот кај учениците.

Преку нив учениците поделени во пет групи го повторуваа материјалот. Ги решија загатките за да ги отклучат катанците на кутијата во која се наоѓа шифрата која треба да се употреби за ослободување на докторот кој го има лекот за вирусот. Во кутијата учениците имаа и награда чоколтца.

Низ едукативна игра, работни активности, креативност, дружење, надминување на предрасуди и стереотипи во врска со културни, етнички, социо-економски разлики и промовирање на инклузивно образование преку интеркултура им се овозможи на учениците да развијат позитивни ставови кон природните науки, а со тоа и да се проверат стекнатите знаења.

Ученици вклучени во активноста VII-3 одд. и VIII-1 одд.

Наставници реализиатори на активноста:
Тања Николовска и Анита Митева Цветковски.