Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, во салата на Советот на општината, на свечен начин ги додели договорите за стипендирање на најдобрите ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2023/24 год.
Честитајќи им на постигнатите успеси и резултати, тој на учениците им порача да го ценат и негуваат образованието и им посака уште поголеми достигнувања во животот.
Оваа година се доделија вкупно 11 стипендии на талентирани ученици од/во ООУ Никола Карев Радовиш.
Стипендиите во основното образование се во висина од 2.500 ден. а се доделуваат 9 (девет) месеци во годината.


