Училишното ѕвонче го означи почетокот на учебната година. Детски џагор и насмеани лица го исполнија нашето училиште. Со свечена програма беа пречекани првачињата и учениците од II до IX одделение. Топло добредојде на сите ученици им посакаа Директорот на училиштето и Секретарот на Општина Радовиш.




