На 18 ноември 2023 година, наставничката по хемија Тања Николовска учествуваше на Првиот Национален Фестивал на Науката во Република Северна Македонија.
Овој фестивал беше неверојатна можност за наставниците да ја покажат својата креативност и посветеност за подобрување на научното образование.
Со учество на овој фестивал наставниците имаа можност да ја споделат нивната наставна експертиза, презентирајќи ги нивните иновативни проекти поврзани со науката и методологиите за настава пред широка публика. Имаа можност да разменат наставни искуства и да ги инспирираат другите наставници.

