На 18.5.2024 година, сабота, се одржа државен натпревар по Англиски јазик организиран од ЕЛТАМ, Асоцијација на наставници по англиски јазик на Македонија. Натпреварот беше реализиран во ООУ “Кирил Пејчиновиќ” во Скопје. Нашите ученици постигнаа одлични резултати. Тие освоија први и втори државни награди, а ученичката Александра Петрова е трето место во државата.

