Преку развивање на ефикасни модели учениците можат да бидат активни субјекти во наставата и критички да размислуваат. Одделенските наставници Ивана Чајева, Ленче Накева и Снежана Тренчева учествуваа на меѓународен проект за наставници „Креативна примена на нови наставни техники“ во организација на Здружение на одделенски наставници „Учител“ во кој успешно креираа свои нови наставни техники кој би биле дел од дигиталниот прирачник за наставници со нови наставни техники. Се здобија со меѓународен сертификат за успешно учество и придонес во проектот. Со постојана работа на наставниците и квалитетна настава за учениците, придобивка се поголеми знаења и нивна примена.

