Со оваа прекрасна акција тие не само што придонесоа за поубава и почиста околина, туку и презедоа важна одговорност – да се грижат за своето дрво, да го полеваат и негуваат додека расте заедно со нив.
Секое засадено дрво е симбол на живот, надеж и иднина. Нека овие млади генерации растат заедно со своите дрвја, учејќи ја вредноста на природата, грижата и одговорноста. 

