На ден 14.02.2025 год. во организација на Друштво на биолози на Република Северна Македонија се одржа Општински натпревар по биологија на кој учествуваа ученици од основното образование од 65 општини.
Нашите ученици ги постигнаа следните резултати:

На ден 21.02.2025 година во организација на Сојузот на хемичари на Македонија се одржа Општински натпревар по хемија. Нашите хемичари, под водство на нивната наставничка Тања Николовска постигнаа одлични резултати.

На ден 28.02.2025 год. во организација на Друштво на биолози на Република Македонија се одржа Општински натпревар по ПРИРОДНИ НАУКИ ЗА IV, V и VI одд. на кој учествуваа ученици од основното образование од 65 општини.
Нашите ученици ги постигнаа следните резултати:


Здружението на информатичари на Македонија на 1.3.2025г. организираше регионален натпревар по информатика за ученици од основното и средното образование кои се стекнале со познавања од програмирање во програмскиот јазик C++. Регионалниот натпревар се одржа во просториите на СОУ „Јане Сандански“-Струмица.
На натпреварот учествуваа нашите ученички Марија Јованова од VII одделение и Невена Јованова од IX одделение.
Марија Јованова освои III награда и ќе се натпреварува на државниот натпревар, ментор Емилија Камчева.
Прва награда на државен натпревар и пласман на интернационалната сцена!
Со огромна гордост и задоволство го споделуваме успехот постигнат на Државниот натпревар по информатичко размислување, организиран од Центарот за едукација „New Corner“ на 14.12.2024.
Освоивме I награда, со што се изборивме за пласман на Интернационалниот натпревар! Овој резултат е доказ за посветеноста, трудот и знаењето кое беше вложено во текот на подготовките.
Продолжуваме со истиот ентузијазам и мотивација да го претставиме нашето знаење и на интернационалната сцена.
Благодариме на New Corner за одличната организација и можноста да бидеме дел од ваков значаен настан.

