Во текот на изминатата седмица нашето училиште се вклучи во хуманитарна акција на Црвен крст -Општинска организација Радовиш по повод “Неделата за борба против гладот”.
За таа цел учениците и нивните семејства партиципираа со својата солидарност на дело донирајки огромно количество на прехранбени продукти, со надеж дека барем малку ќе помогнат и ќе дадат скромен допринос во помошта на лицата и семејствата за која таа храна е неопходна.
Училиштето упатува голема благодарност до сите вклучени во акцијата !!!
